Влатко Лозановски 23,03,2019


Локација: VIP ARENA

Датум: 23.03.2019 20:00:00

Опис

 Влатко Лозаноски на 23 март ќе одржи концерт во „ВИП-арената“, спортски центар „Борис Трајковски.

„Момчето, кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23 март во ‘ВИП-арената’ со почеток од 20.30 часот. Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на ‘Авалон’ е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман“, велат од продукцијата.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре, 13 февруари, во 9 часот, преку продажната мрежа на „Авалон“и Југотон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по цени од 500 до 1.000 денари.